За сексот и нациите постојат безброј, што глупи, што забавни стереотипи. Англичаните се трупови, Французите страсни, Италијанците постојано напалени, Македонецот никако да го извади кубурот за недај боже...
Но околу прашањето кој за колку време свршува ви требаат веродостојни податоци од релевантен извор.
Значи, Порнхаб.
Поаѓајќи од разумната хипотеза дека на нивниот сајт се останува 'додека не се заврши работа', Порнхаб изготви искуствена глобална мапа за тоа кој колку држи.
Одма да видиме кој е најслаб: Ирачаните со 'потребно време' од само 5 минути и 30 секунди што е најнизок скор на планетава.
*методолошка забелешка: дополнително да се провери колку ваквиот резултат се должи на објективни прекинувања од типот, некој ти ја бомбардира зградата или жена ти по грешка се дигнала во воздух додека пред огледало гледала дали експлозивот ја прави дебела.
На другиот крај од спектарот се моќните сексуалци од Того кои на Порнхаб просечно остануваат по 15 минути и 3 секунди. Западна Сахара е дури и нешто подобра (16 минути), но таа е предмет на територијален спор па тешко е да им се даде национален медал. Генерално, Африканците се покажуваат како сериозни долгопругаши.
* методолошка забелешка: Објаснувањата дека тоа е така затоа што црнците поспоро го разбирааат видеото, се одбиваат како чиста завист.
Кина исто така стои добро и е на врвот на табелата. Светскиот просек се движи некаде околу 9 минути и 30-тина секунди, каде што се, на пример, Англичаните.
А сега кон болните моменти. Кога ќе се анализира овој дел од светот, јасно е дека на ова поле, не сме лидер во регионот. Како во сè друго.
Измерено македонско време: 7:33.
Преведено на нашки, на просечниот жител на Македонија му требаат 7 минути и 33 секунди порнхаб пауза пред да се врати на политичките кавги и турските серии. Тој просек е десет секунди послаб од бугарскиот (7:44) a Грците 'се во игра' речиси една минута повеќе (8:34). Словенците имаат скор од 7:41.
Најслаба е Босна која од старт до финиш минува спринтерски за 6:46, Србија 'ја маваме' 33 секунди, a на Хрватска ѝ бегаме една но вредна секунда.
*Aпел од национален интерес: земете ги работите во свои раце и трудете се идните сесии на Порнхаб да ви траат подолго од 7:33. Да го набилдаме просекот за да можеме догодина да им се курчиме на комшиите.
Македонија, свршена!
* Интерактивната мапа на Порнхаб е овде. Може да се прегледува и по градови, за жал не и во македонскиот случај бидејќи Порнхаб (и само Порнхаб) нè гледа како единствени.
п.с. за пишување и опремување на оваа статија беа потребни 38 залудно потрошени минути.