Самрак на Боговите

АМОР СРА? – Охридска божица на вистината.
ТАШ МАРУН и ШТА – Охридски божества на провинцијата.
СЕЈСИМАД РО – Богот на Разумниот Компромис
МУМРЕ – Охридски бог на смеењето.

Новата сензација на македонската наука и уметност овојпат доаѓа од Охрид. Двајца научници, кои го посветиле своето животно дело на истражување на нашето културно наследство, дошле до шокантни и контроверзни наоди: во Охрид, ендемски богови постоеле и пред христијанството, и пред антиката!

Овој скандалозен податок овие двајца го откриле само преку вербална комуникација со населението во Охрид и Дебарца (Славна и Државничка), што значи дека тамошното население сеуште ги чува спомените за овие заборавени богови, што од друга страна, според двајцава научници, го објаснува фактот зошто охриѓани се малку поразлични од остатокот на населението во Македонија, па понекогаш се чувствуваат обесправени.

Со оглед на фактот што засега не се откриени знаци на пишан јазик, традицијата се пренесувала исклучиво усно, па така и е регистрирана од научниците. Според нивните сознанија, тоа било политеистичко општество, а врски со други цивилизации од тоа време засега не се откриени. Дури и не е сигурно и дека воопшто постоеле други цивилизации тогаш. Додуша, има непотврдени сознанија што велат дека луѓето од истата цивилизација кои живееле на север од не им биле омилени, заради засега непознати причини.

Во овој момент, научниците ни открија само дел од нивните сознанија, кои ги пренесуваме во оваа статија. Имињата на некои од досега откриените богови се:

АМАН РЕ – Охридски Бог на зачуденоста.

АМОР СРА? – Охридска божица на вистината.

АМТО Е – Охридски бог на судбината.

АМОРТИ СИ? – Охридска божица на сознанието.

К'ДЕ РЕ? – Охридски бог на патниците.

АМАЌЕТЕП ЕТ – Охридски бог на чуварите и портирите на кафаните. Значајни личности во тоа време.

ПАС КОКУЗМАН – Охридско божество на земјата и копачите. Во митологијата претставено како човек со глава на териер.

МАР АТОН – Охридски бог на удавените. Во негова чест, еднаш годишно охриѓани носеле странци во езерото, на празник на крајот на летото.

АМЌЕО ЈАЈШ – Охридски бог на војната.

ТАШ МАРУН и ШТА – Охридски божества на провинцијата.

МУМРЕ – Охридски бог на смеењето.

К'КДА НЕПАК – Охридски бог на нихилизмот.

ОСМАНБЕ ГОТ – Охридски бог на вонбрачниот живот. Охриѓанки многу го почитувале.

СКОПЈАН ИШТЕ – Луцифер

БИЉА НА – Богиња на хипохондријазата

СМЕШ ТАЈ – Богот на летото

МАЛУМОР ГЕН – Богот на исполнителноста

СЕЈСИМАД РО – Богот на Разумниот Компромис

ШОЕМО РЕ – Богот на Разбирањето, често во политеистички занес славен со богот на летото, и ДАНТРЕ БИТ – Богот на гостопримството, особено при туристички саеми

Ова е само дел од досега откриените божества, и научниците се сомневаат дека има и многу други, што допрва треба да се истражуваат. Инаку двајцата научници на оваа проблематика го посветиле целиот свој живот, заради што и останале без формална академска титула. Дури, во оваа фаза на истражувањето, тие не се подготвени и да го откријат својот идентитет, заради големата контроверзност на нивните тези. Се претставија под некои чудни криптични и бесмислени имиња, како @BatmanSaysT и @rnixn, кои што не значат ништо. На прашањето во што се состои контроверзијата на тезите, се погледнаа значајно меѓу себе и одговорија дека ако овие тези се потврдат од официјалната наука, тогаш ќе стане јасно дека МАКЕДОНИЈА НЕ Е БИБЛИСКА ЗЕМЈА! Ако богови на оваа територија постоеле и пред библијата, тогаш е јасно дека постоела и Македонија! Овие двајца одат дури дотаму што сакаат да докажат дека Македонија постои на ИСТОТО МЕСТО КАДЕ ШТО Е СЕГА дури од времето кога Гондвана се расцепила на континентите какви што ги знаеме денес, без разлика кој владеел со неа во било кој даден период. Додуша, велат дека можеби во тоа време било премногу топло и имало непријателска атмосфера, но тоа останува да се докаже.

24 октомври 2012 - 10:03