Кај се изгуби овој бисер?

Го откривме одамна ама немаме никаков апдејт за него, до кај е работата и дали ќе нè биде. Само да ве потсетиме колку беше драгоцен.

Цитатите ги вадевме од неговиот сајт кој веќе не функционира.

ЗА ПРВИОТ ЅВЕР:

* Првиот Ѕвер ќе излезе од морето и ќе биде ранет од меч во главата, но оваа рана ќе му заздраве.

ЗА ВТОРИОТ ЅВЕР:

* Вториот Ѕвер ќе произлезе од Земја. Човекот од Земја ќе произведе секакви машини, играчки, и ќе му олади љубовта.
* Вториот Ѕвер ќе произлезе од Земја. Човекот од Земја ќе произведе секакви машини, играчки, и ќе му олади љубовта.
* Вториот Ѕвер е Технологија, Машини, Компјутери, Виртуелна Реалност, Телевизори, Интернет, Авиони, Бомби ..(Наука)

КРАТКО И ЈАСНО, КОЈ Е ЅВЕРОТ?

Тоа е Телевизија и Компјутер, Кино, Проектори... Вештачки Живот.

ЗА ДРЖАВАТА И ТЕЛЕВИЗИЈАТА:

ТВ по втор пат ќе го опседне човекот со Политка, Националност и обожување на империи како што се САД и Русија.

Државата преку Телевизорот си прави сопствена богослужба, свое царство, собранија, седмици, вести, политика.

КОЈ ГЛЕДА А КОЈ ЕВЕНТУАЛНО НЕ ГЛЕДА ТЕЛЕВИЗИЈА:

Сите денес гледаат ТВ, во болница, бебиња, деца, рокери, наркомани, христијани, муслимани, .. сите

Просто нема човек што не гледа, и да има таков, тој сигурно има тежок испит на Факултет.

ИДНИНАТА НА МАУСОТ:

Наместо во рака да држиш маус и да кликнуваш, тоа ќе го правиш со благо мрдање на главата и погледот.

ИДНИНАТА НА МОНИТОРОТ:

Со еден поглед во мониторот луѓето ќе си нарачуваат дома Проститутка, Хомосексуалец, но и Животни за Еротика.

И ТОА НЕ Е СÈ:

Со еден поглед во новото iTV ќе можеме да нарачаме бурек.

ТРАКТАТ ЗА ДРОГИТЕ:

Новото работно време на човекот просто нè прави зависни од дроги.

Бидејќи човекот до касно навечер гледа ТВ. Со кола е лесно подвижен и присутен на секаде каде што ќе посака.

Со колата што те чека пред врата, просто си во страшно искушение да не си легнеш рано.

Те чека забава, пријатели, журки, девојки. На овие места дополнително те загадува димот на цигарите и силната музика.

Целиот овој динамичен живот е незамислив без дрогата. На прво место Кафе и Газираните Пијалоци.

МАЛКУ СТАТИСТИКА:

Денес просечното време на луѓето пред ТВ и Компјутер е, по цел ден и цела ноќ.

ЧАРЕ?

Подобро е да го запалиш Телевизорот и да го каменуваш отколку само еднаш да видиш Сцена на Убиство.

29 март 2017 - 16:37