Колку си попаметен, толку си поглуп

Колку подобро се снаоѓаш со бројки и математика, толку е поверојатно да дозволиш твоите политички убедувања да влијаат општо на твоето размислување. Поточно, колку си попаметен, толку подобро можеш да ги извртиш фактите за да одговараат на твоите веќе постојни убедувања.

За студијата од Универзитетот Јеил, се анализирани два примера со бројки:

Во првиот на група пациенти им е даден лек. По ова 223 покажале подобрување на состојбата, а кај 75 немало подобрување. На контролната група од 128 пациенти, на никој не му бил даден лек. 107 покажале подобрување, додека кај 21 немало подобрување.

" Дали лекот бил поефикасен отколку да не се добие ништо?

Ако сте како мнозинството, ќе кажете да. Сепак 223-ца биле подобро со лекот. Меѓутоа ќе бидете грешка. 83% од оние кои не го земале лекот се чувствувале подобро (107 - 21), во споредба со 74% од тие што земале (223 - 75). Земањето лек ги намалува вашите шанси да оздравете."

Во вториот пример тие ги даваат истите бројки, ама сега сценариото е со градови кои забраниле носење оружје. Кај 223 градови кои ја вовеле забраната имало пад на стапката на вооруженото насилство, кај 75 градови со забрана немало пад. Во исто време кај 107 градови во кои немало забрана опаднало вооруженото насилство, кај 21 немало раст.

"Како и претходно, ако ги гледаш апсолутните бројки може да бидеш погрешно наведен да мислиш дека таа е клучната мерка. Меѓутоа ќе згрешиш, како и претходно. Според овие бројки, криминалот е поверојатно да опадне во градовите кои нема да прифатат забрана за носење оружје.

Излегува дека математички софистицираните луѓе - оние кои го погодија точно првото прашање - погрешно го разбираат второто доколку нивните политички ставови се либерални. Во исто време кај политичките конзервативци нема ваков раст на нивната глупавост. И ова е вистина иако оваа загатка е иста како и онаа со лекот. Се што е сменето се имињата," пишува Алва Ное за НПР.

Конзервативците не се толку отпорни на привиденија, па и они паѓаат на истиот тест ако се сменат околностите. Односно ако сега математиката е дека 223 градови имаат пад на стапката на вооружено насилство без воведување на забрана, наспроти 107 кои имаат пад со забраната за носење огнено оружје. (Истиот сооднос е во прашање 223 - 75 (73%) vs. 107-21 (83%)).

Објаснувањето на научниците за ваквиот развој на истражувањето, поточно тенденцијата да им попуштаме на нашите политички ставови, е нешто што се вика Теза за когнитивна заштита на идентитетот, според која културолошките конфликти што ги имаме ги онеспособуваат нашите релевантни умствени капацитети.

"Би било погрешно од ова да се заклучи дека имањето став, наклоност, вредности и интереси е препрека на здраво размислување, и дека би биле подобри без нив. Ова е еден од условите да се биде човечко суштество, да се грижиме за работите и дека грижењето може да ги помати нашите обиди за логично размислување. Ова е нешто што секогаш треба да се земе во предвид кога влоговите се високи, а ние не сме комплетно изолирани од проблемот или ситуацијата," објаснува Ное.

 

1 ноември 2013 - 20:31