Финска - среќна, стабилна и слободна

Гардијан започна серија статии со наслов Upside посветени на реалности кои се добри и влеваат верба во иднината. И не е чудно што еден од првите текстови е посветен на Финска, земја која денес е фасцинантна по сите линии а е истата онаа територија која пред 150 години изгуби 250.000 луѓе од глад.

Ланската стогодишнина од своето постење, Финска на разни глобални индекси ја дочека како една од најстабилните, најсигурните и најдобро управуваните држави во светот. Трета е меѓу најбогатите, трета најмалку корумпирана, втора најпрогресивна по општествени прашања, трета најправедна во однос на социјалниот статус. Финското правосудство се доживува како најнезависно на светот, полицијата ужива најголема доверба кај граѓаните, финските компании се втори по етичност кон вработените, изборите се втори најслободни во светот. И тоа не е сè: по рамноправност меѓу половите е глобално трета, петти се во најниски родови разлики во приходите, финските бебиња најмалку страдаат од недоносеност и премала тежина, тинејџерите се најдобри во свет во читање и трети во природни науки.

Потребна е внимателност кога се бара нечија „формула за успех“ бидејќи не постојат идентични држави, луѓе, околности. Во нивниот случај се работи за збир од фактори: самодоверба, соработка, еднаквост, фетиш кон образованието, меѓусебна доверба.

Финците имаат еден збор „sisu“ што значи храбра, непоколеблива упорност без оглед на последиците. Тоа добро го почувствуваа нивните воени непријатели на почетокот на Втората светска војна (фасцинантна прикана е тоа, види “Историски лекции’).  Имаат и еден друг еден збор која е дел од нивната „хемија“, тоа е  „talkoo“ што значи да се работи заедно, колективно, за одредена цел: за жетва, за собирање дрва, за собирање пари. Сите заедно и секој колку може.

Образованието дефинитивно е еден од клучевите на нивниот успех и темелите на тој однос се поставени многу пред да добијат држава. Постои еден декрет на Лутеранската црква од 19-от век кој не дозволувал венчавка ако идните сопружници не го минат тестот за читање.

„Тоа е силен мотив да научиш да читаш, нели?, вели поранешната финска претстдателка Тарја Халонен кој беше на функција од 2000 до 2012 година.

„И не е само тоа“, ќа напомене филозофот Ика Нинилуото. „Целата наша држава е социјален конструкт кој го создадоа универзитетски професори“.

„Академиците кои застанаа на чело на националното движење ја формираа Финска како нација, нејзиниот јазик, историја, книжевност, музика, симболи, фолклор. Водач на нашето национално движење беше професор по филозофија“, вели тој алудирајќи на Адолф Ивар Авридсон, кој се смета за татко на нацијата.

Од стекнување на независноста, една третина од челниците на државата биле универзитетски професори исто како и половина од премиерите во првата половина од таа независноста. Тоа е битно заради создадената верба во социјалната мобилност и чувството дека образованието носи и личен и колективен напредок. 

Друг клучен фактор е рамноправноста. Таму жените се кандидираат на избори уште од 1906 година и во првиот парламентарен состав ги има околу 10 проценти. Денес 42% се праламентарки. А на универзитетите, уште во 1930 година, 30% се студентки.

Во текот на хаотичните 90-ти години кои ги одбележува колапсот на Советскиот сојуз и длабоките економски рецесии, финската политичка елита решава да одвојува дури 4% од БДП за истражување и развој. На нивниот политички инстинкт му е јасно дека кога се веќе мали, за да опстанат и да бидат среќни, треба да се стремат да бидат најдобри.

И уште само една работа: секоја година, на денот на независноста, осамнува листа на најбогати Финци кои се ставаат на листата не за да им се курчат на другите колку пари имаат, туку да покажат колку данок платиле на државата.

*******

Ние одамна со целосен респект расветлуваме различни парчиња од финскиот мозаик. На таа тема види и:

Учење по теми, а не по предмети

Финска знае со мајките

Тајната на финската слобода

Како Финска успева да ѝ пркоси на информативната војна на Русија

Америка со Финска се избива

Патриот на данок се познава

Дали правите Финци ќе гласаат за црниот Хитлер?

Плетење, финска олимписка мантра

Како изгледаше хаосот на Црниот петок во Финска

 

8 март 2018 - 09:39