За време на натпреварот во слоупстајл, додека сите останати натпреварувачи се трудеа да бидат фокусирани на натпреварувањето и да го дадат најдоброто од себе, спортистите од нордиската земја извадија игли и фатија да плетат.
На снимката сноубордерката Анти Коскинен ноншалантно плете на почетокот од патеката, додека нејзиниот колега од репрезентацијата Ропе Тонтери се подготвува да вози. Коскинен само за момент го прекинува плетењето, колку да се поздрави со Тонтери и се враќа на своето парче.
По ова и луѓето што гледаат по дома забележаа неколку спортисти и тренери од финската репрезентација како плетат додека се натпреваруваат.
Откако сето ова се рашири финскиот олимписки тим на Твитер објави уште неколку фотки од свои спортисти како плетат. Во твитот се објаснува дека фински олимписки плетачи работат на ќебе за новородениот син на финскиот претседател.