Писма на поранешни амбасадори на Македонија

На наша адреса стигнала поплака од Перо Стојановски, поранешен амбасадор на Република Македонија во Австралија, која се однесува на партнерскиот сајт Daily.mk. Да видиме на што се жали господин Перо и до која лекција е стигнат нашиот дипломатски кор. 

Почитуван уредник на порталот Daily Macedonia,

Моето име е Перо Стојановски, поранешен амбасадор на РМ во Австралија.

Реагирам во врска со Вашиот натпис дека во понеделник во Канбера почнува судскиот процес против мене. Имено против мене никаде во светот не се води судски процес. На вашиот портал е изнесена клевата против мене со што е нанесена повреда на мојот личен интегритет.

Ве замолувам да ја одстраните дезинформацијата и јавно да се извините за направениот пропуст, во спротивно ќе морам да го заштитам својот углед преку судските инстанци во Република Македонија каде согласно Законот ќе покренам тужба за клевета, против Вашиот портал и Вас.

Со почит,
Перо Стојановски

-------------------------------

Игор од Деили веќе му пишал на Стојановски објаснување на случајот но ние како масовен медиум имаме обврска да делуваме и педагошки, па затоа еве пар совети на темата.

Daly.mk е агрегатор на вести. Како таков, нема уредник ниту пак вестите кои можат да се прочитаат таму се напишани од некој од Деили. Секоја вест има свој извор а за конкретната тема слични резултати можат да се најдат и на други информатори.

Со други зборови, господине Перо, немојте да бидете толкав труп.

Трендо

 

29 август 2013 - 09:33