На 22 мај 202 година, угледниот магазин Лансет објави студија која го промени текот на ковид пандемијата.
Се анализирале медицинските досиеја на 96.032 ковид пациенти во 671 болница и шест континенти кои завршиле со осудувачка пресуда за стариот и евтин лек против маларија - хидроксихлорокинот: пациенти третирани само со него биле повеќе склони кон развој на опасни нарушувања на срцевиот ритам и имале поголема веројатност да умрат.
Доналд Трамп јавно го промовираше овој лек како потенцијален третман за ковид и повика на забрзување на истражувањата, попат откривајќи дека и тој го користи.
Во рок од неколку дена од објавувањето на студијата во Лансет, Светската здравствена организација го суспендираше одделот за хидроксихлорокин од своето мултинационално испитување „Солидарност“. Други испитувања беа прекинати а политиките за третман се променија низ целиот свет.
Студијата имаше огромен авторитет поради својата големина - речиси 100.000 записи за пациенти. Но, имаше проблем - базата на податоци, зад која стоела Surgisphere, матна компанија од Чикаго, била лажна. Следеше еден од најнеобичните научни колапси во модерната историја, откривајќи колку лесно глобалната здравствена политика може да биде пореметена од непроверени податоци.
Едно од првите големи несовпаѓања дојде од Австралија. Податоците содржеле повеќе смртни случаи во Австралија отколку што самата Австралија имала регистрирано. Проблематични биле и резултатите од Африка, но и од северна Америка.
Основачот и главен автор на компанијата, Сапан Десаи, бил васкуларен хирург кој пишувал и научнофантастични романи а извршниот директор за маркетинг, бил порно модел и забавувач на девојачки вечери.
Скандалот пукна и се прошири, авторите се откажаа од трудот, Лансет го повлече. Но, неговото вистинско значење лежи во она што го откри. Ништо од фабричките мани на студијата не спречи таа преку ноќ да ја претумба глобалната здравствена политика.