Јуха е возрасен човек од Финска. Во ’90-те години толку многу се вљубил во фудбалскиот клуб Рома, што летно време кога сите одат на годишен одмор, тој работи за да собере повеќе денови, за да може после на раат да оди во Италија и да го гледа саканиот тим. Роднините и пријателите му викале дека изгубил памет. „Во право се, знам“, тврди Јуха.