Таг: финска

Плетење, финска олимписка мантра

Финска е една од земјите на кои не можеш да им го фатиш крајот, од една страна претседателот и премиерот имаат свои официјални сауни, од друга страна земјата има најголем број хеви-метал бендови по глава на жител во светот, додека во исто време експериментираат со задолжителен приход за секој човек, а во јазикот немаат идно време. На ЗОИ спортистите од оваа земја покажаа еден свој фетиш.

Вештачки направена планина на која се засадени 11.000 дрвја

Во 1982, унгарско-американската уметница Агнес Денеш одлучила да конструира цела планина и да ја пошуми. По една деценија лобирање, замислата фатила корен. Во 1992 година, финската влада соопштила дека ќе го спонзорира проектот „Планина од дрвја“, 38-метарски рид конструиран врз поранешен ископ за чакал. Денес контурите на шумата се веќе видливи.

Херојот од терористичкиот напад во Турку

Хасан Зубиер е шведскиот турист кој во петокот се најде во Турку и со своето тело се обиде да заштити две жени од нападот на 18-годишниот убиец, инаку бегалец од Мароко.

Второлигашка финска акција во два потега

Се работи за финскиот второлигаш Хака и едно изведување на аут по кое мислиш ова кошарка е и имаат 5 секунди напад за да го завршат. Пази сега.

Никогаш не знаеш од каде ќе ти изникне руска инвазија

Финска, држава во историски константна состојба на "да не реши комшијата утре дека сме негови", со закон забрани носење маскирна и воена облека без обележја, како превенција од повторување на снимките од Украина и Крим.

Кутрите фински мечки

Како да им е малку што треба да се бранат и справуваат со глад, ловџии и други мечки, па им фалеше уште да се објаснуваат и со наапани Финци со метли и кочијашка уста.

Човекот кој тргна на фудбалски пат околу Европа

Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.

Финска ги заменува училишните предмети со учење вештини

Ако не сме внимателни нашите училишта ќе ги претвориме во музеи на отворено во кои се учи на ист начин како пред 400 години, е стравот на професорката по образовна психологија на Хелсиншкиот универзитет, Кирсти Лонка.

Дали правите Финци ќе гласаат за црниот Хитлер?

Слично како со фасцинантниот случај со штипјанецот Џими и партијата ТМОРО, и за една финска радикална паертија во изборна трка влегува човекот кој сите го знаат како „црниот Хитлер“. Меѓу другите Финци - како што некогаш викаа нашиве коментатори во бокс мечеви - ќе го препознаете по сините гаќички.

Како Финска успева да ѝ пркоси на информативната војна на Русија

Периодов европските разузнавачки агенции од Франција, Германија и Холандија, па до Чешка, кај стигнат алармираат за опасноста од Русија, која сега е олицетворена во пропаганда и дезинформации. Во исто време наспроти овие светски сили е Финска, која некако успеа да изгради имунитет на руската пропаганда, и покрај тоа што е на „првата линија на фронтот“.

Најсмешниот нордиски скијач на сите времиња

На Светското првенство во нордиско скијање во финскиот град Лахти, натпреварувачот Адриан Солано од Венецуела ги изнасмеа сите присутни затоа што делуваше како Чарли Чаплин на скии.

Нико Розберг се повлече од Формула 1

Во неделата првпат во кариерата стана светски шампион во елитната Формула 1, а веќе денес, во петок одлучи да стави крај на кариерата.

Не можеш да бидеш доволно параноичен околу Русија?

Финската државна телевизија, Уле, ја објавува информацијата дека тамошното УБК се сомнева дека Русија започнала со програма за купување на финско земјиште, кое подоцна ќе го пополни со руски војници. Во состојба кога во врат ти дише воено мобилизирана Русија, за Уле доволно е и што извор на веста е еден фински таблоид.

ФИФА каде ви е гол-технологијата во квалификациите за Светско?

Додека на Филип Втори синоќа во 95-та минута стоевме на нозе во исчекувањето Јаховиќ со гол од пенал да ја спаси Македонија од пораз, во Исланд во истата минута драмата беше бетер.

Библиотека во Финска отвори караоке бар

Влегувате во Универзитетска библиотека, ви даваат бројче и клуч од посебна, речиси скришна просторија каде може да си пеете до мила волја. Си ја пуштате омилената од Силви бенд на караоке машината, и библиотеката одеднаш станува ваша сцена.

Патриот на данок се познава

Тоа што директорите на финската компанија Суперсел, авторите на Клеш оф Кланс, одлучуваат да покажат највисокото ниво на корпоративна благодарност кон државата и наместо да бегаат по офшор адреси да платат данок во Финска, ги зголеми финските приходи од данок на капитална добивка за една петина.

Унилатерално прогласување на Норвешка за комшија на годината

Група Норвежани започнаа кампања за нивната држава да и даде цела една планина на Финска како подарок за 100-годишнината од независноста на нивниот сосед. Зошто баш планина? За и Финска да има барем една планина.

Уште утре би си одел дома

Тарик Аџаџ е човек кој бегајќи од ИСИС и војната од Северен Ирак стигна до Финска. По неколку месеци таму, Тарик е доволно пишман што некогаш стапнал во земјата за да инсистира да го вратат назад.

Евробаскетот 2017 ќе се игра во четири земји

Романија, Финска, Турција и Израел се четирите земји кои ќе го организираат кошаркарското Европско првенство во 2017. година, потврди ФИБА на состанокот во Минхен. Завршницата ќе се игра во Истанбул.

Букет цвеќе, Русија и Турција

Иако во кошаркарските европкупови меѓу себе играа повеќе руски и турски екипи, тоа не предизвика такво внимание како футсал натпреварот меѓу овие две земји во турскиот град Измир.

Приказна за дербито на Хелсинки

Екипата на ХИФК испаднала од најдобрата финска лига во 1972. година, а нивниот најголем ривал ХЈК ги чекал да се вратат во лигата од тогаш. Конечно, после 43 години, ХИФК се врати во лигата и Стадин Дербито повторно е на сцена.

Финска знае со мајките

За една фина финска традиција која трае 75 години и која малку од малку објаснува зошто земјата е прогласена за една од најдобрите земји да се биде мајка.