Финска ги заменува училишните предмети со учење вештини

Ако не сме внимателни нашите училишта ќе ги претвориме во музеи на отворено во кои се учи на ист начин како пред 400 години, е стравот на професорката по образовна психологија на Хелсиншкиот универзитет, Кирсти Лонка.

Финците во редовната образовна програма покрај предметите почнаа да воведуваат подучување вештини, што со тек на време во својата крајна фаза би довело до укинување на училишните предмети.

Под вештини не се мисли на боречки вештини и домаќинство, туку снаоѓање со дигитални уреди, комуникации, истражување и технологија. Од минатото лето на учениците им е дозволено да изберат тема која им е блиска, и училишните предмети да се базираат на таа тема со помош на технологија.

Критичарите на новиот систем забележуваат дека тој е наменет за понапредните деца, додека на просечните ќе им штети.

Самата поставеност на финското образование поразлична од сè останато. Па така, децата не се запишуваат на училиште пред 7 години, училишните денови се кратки, имаат малку домашни и речиси немаат испити.

 

29 мај 2017 - 15:35