Веќе ги објавивме десетте правила за добро пишување на Франзен. Познати се и 11-те заповеди на Хенри Милер, а и 6-те совети на Штајнбек. На ред е Џек Керуак - пионерот на Бит генерацијата, другар на Бароуз и Гинзберг. Еве ги неговите креда, насловени како „Верувања и техники во модерната проза".
Еве ги добрите совети. Само за првиот ќе ви биде малку потешко без машина за куцање, другото е остварливо..
1. Чкртај во тајни тетратки, и чукај диво икуцани страници, за твој ќеф
2. Биди покорен, отворен, слушај
3. Обиди се да не се пијаниш надвор од дома
4. Биди заљубен во твојот живот
5. Нешто што го чувствуваш ќе си ја најде сопствената форма
6. Биди луд добродушен глупчо на сопствениот ум
7. Дувај онолку силно колку што сакаш
8. Пишувај го она што го сакаш, без дно, од дното на умот
9. Неизговорливи визии на поединецот
10. Без време за поезија, туку за она што навистина е
11. Визионерски трпки кои минуваат низ градите
12. Фиксиран во транс, медитирај врз предметот пред тебе
13. Отстрани книжевна, граматичка и синтактичка инхибиција
14. Како и Пруст, биди стар „дувач" на време
15. Кажувај ја вистинската приказна на светот во вид на внатрешен монолог
16. Скапоцениот центар на интерес е окото внатре окото
17. Пишувај како сеќавање и забава за самиот себе
18. Пишувај од третото око, пливај во морето од јазик
19. Засекогаш прифати го губитокот
20. Верувај во светата контура на животот
21. Бори се да го скицираш текот кој веќе постои, нечепнат во умот
22. Не мисли на зборови кога запираш само за да ја видиш подобро сликата
23. Води сметка секој ден за датумот изгравиран во твоето утро
24. Немај страв или срам од достоинството на твоето искуство, јазик и знаење
25.
26. Пишувај за светот да чита, и да ги види вистинските слики на напишаното
27. Книгофилм е филм во зборови, визуелната американска форма
28. Слави го Карактерот во Бледата нечовечка Осама
29. Составувај диви нешта, недисциплинирани, чисти, кои доаѓаат оздола, што полуди, тоа подобро
30. Ти си Гение, цело време
31. Сценарист-режисер на земски филмови, спонзориран и со ангелска природа во Рајот
* 25-тото е намерно празно
* машината за куцање на фотографијата е на Керуак, од неговите студентски денови