Ако сите на сликите изгледаат како клошари осветлени само од матна улична светилка, Рембрант е.
Ако сите на сликите имаат огромни газови, Рубенс.
Ако нешто изгледа како авторот да бил на квалитетни дроги, тоа е Дали.
Ако момчињата на сликите всушност изгледаат како девојчиња со големи и влажни („кравји“) очи, тоа е Караваџо.
Ако гледате десетина очи и носеви, но има само еден лик, тоа е Пикасо.
Ако гледате балерина, тоа е Дега.
Ако на скоро сите слики има женски лик со споени веѓи, тоа е Фрида Кало.
Ако сите се убави, на протеински шејкови и голи, тоа е Микеланџело.
Ако нешто личи на Ексел таблица со обоени квадрати, тоа е Мондријан.
Ако на сликата владее неверојатна гужва од луѓе и животни кои прават откачени работи, тоа е Хиеронимус Бош.
Ако на сликите има темна позадина и сите се со измачени фаци, тоа е Тицијан.
Ако сите, вклучително и жените, изгледаат како Путин, тоа е Ван Ајк.
Се обидовме да најдеме и локални примери:
Ако жените изгледаат како во пост-натална депресија, тоа е Мартиновски.
Ако нешто личи на цртеж на хиперактивно дете, тоа е Мазев.
Ако личи на „трип“ на Дали, ама кога тој би бил од Нижеполе, тогаш е Ташковски.
Ако насловот на делото некако не ви се поклопува со формата, тогаш е Томе Серафимовски.
(„Симфонија на мирот“)