Бидна и првото големо изненадување на Светско, 40-годишен голман правеше чуда против Шпанија

Фудбалерите на Шпанија не го скршија отпорот на дебитантот на Светски првенства Зеленортски острови и одиграа само 0-0 во рамки на првото коло во групата Х.

Актуелниот европски шампион и еден од главните кандидати за титула на Светското првенство имаше дури 27 удари од кои 7 во рамки на противничкиот гол, но не ја затресоа мрежата.

Шпанците имаа и дури 74% посед повеќе од ривалот (26%), напаѓаа постојано но чуда на голот правеше 40-годишниот голман Возиња кој заслужено е избран за играч на мечот.

Во оваа група во која сега Шпанија и Зеленортски острови имаат по бод, уште се и Уругвај и Саудиска Арабија кои подоцна ноќеска го играат својот дуел.

Интересно, еден статистички податок беше доста споделуван вечерва: Зеленортски острови и покрај тоа што 90+ минути грчевито се бранеа и одбранија, направиле само 1 (еден) фаул над Шпанците.

Откако Опта мери рекорди и статистички податоци, ова е најмал број на фаули од една репрезентација на натпревар од Мундијал од 1966-та.

15 јуни 2026 - 22:21