Бразилецот Роналдињо после 11 години го одигра својот прв официјален фубдалски натпревар.
Роналдињо во Италија дошол на 13 ноември, делувал спремен и поминал неколку сериозни тренинзи. Неговиот соиграч Симоне Раби пред натпреварот рекол ако има пенал, ќе го изведува Роналдињо.
После точно 4.068 дена се врати на теренот, и на 46 години го облече дресот на италијанска Равена која со него потпиша договор за настап на 1 натпревар.

Бразилскиот уметник ја облече 10-та која Равена му ја даде само за овој натпревар и покажа дека дарот и класата се вечни.
На дуелот меѓу Равена и Форли во Серија Ц кое е дерби во нисколигашкиот фудбал во Италија играше сосема солидно за годините.
Со неколку потези ги воодушевил присутните на преполниот стадион. Во 35' минута му ја продолжил топката на еден соиграч кој му асистирал на Џулио Донати за прекрасен гол за Равена.
🚨 35' الهدف الأول لرافينا بعد مساهمة من رونالدينيو 🔥🟨🟥 🇮🇹🇧🇷 🟨 رافينا 1-0 فورلي 🟥 ⚽ دوناتي 35' #Ravenna 🇮🇹 #RavennaForli 🇮🇹 #Ronaldinho 🇧🇷 #SerieC 🇮🇹 #SerieCSkyWifi 🇮🇹 https://t.co/ItGUm2FJhC
— Arte Del Calcio (@ArteDelCalcio) November 15, 2026
Интересно токму Донати како играч на Лече во 2010-та година играше против Роналдињо кој настапуваше за Милан.
Равена го заврши полувремето со 1-0 а на крај славеше со 2-0, а вториот гол го постигна Симоне Раби во 58' минута.
Роналдињо одигра цело едно полувреме и имаше учинок од: 46 минути игра (излезе на полувреме), 24 додавања од кои 18 точни, два добро изведени корнери, неколку офанзивни акции, три дуели од кои еден добиен, два одмерени спринта, неколку протести кон судиите и две негови препознатливи насмевки кон судијата Винга, акција после која домаќините поведоа 1-0.
На 46 години.
Ronaldinho vs Forli 46 years old https://t.co/CiPo8Mwzfi
— c0mp (@c0mpmilano) November 15, 2026
На стадионот „Бенели“ во Равена, на ѕидот кај навивачката трибина „Курва Меро“ стои една латинска парола „Interum rudent leones“ („Лавовите повторно ќе рикаат“), а Роналдињо овојпат беше како лав на теренот.
На трибините имаше повеќе од 7.000 луѓе колку што е капацитетот а натпреварот се гледаше и ширум светот (имало пренос и во живо на плоштадот Тајмс сквер во Њујорк).

На Роналдињо на полувреме на терен му се придружија уште и легендарните фудбалери на Милан голманот Дида и Сержињо со кои се шегуваше и смееше. Потоа отиде пред трибината кај тифозите и три пати им се поклони. Доби аплауз од сите дури и од противничките навивачи.
Равена уште не пресметала колку точно дресови се продадени иако во еден момент бројката отишла над 2.000 продадени дреса по цена од 129 евра. Рони сакал да го постигне јубилејниот 300. гол во кариерата.
Последниот погодок во својата неверојатна кариера, еден од најдобрите на сите времиња го постигна на 18-ти мај 2015-та година на средбата меѓу Тибуронес Рохос и Баранкиља во Мексико каде погоди од слободен удар во 83' минута. Последниот официјален натпревар Роналдињо го одигра уште во септември 2015-та година кога одигра едно полувреме за Флуминенсе против Гоиас (2:0) во бразилската Серија А.
Роналдињо по натпреварот заминал за Барселона.