Уникатен момент во фудбалот: За Австралија настапија два пара браќа

За време на пријателската средба меѓу Катар и Австралија која гостите ја добиле 0-3, австралискиот селектор Тони Попович направил невообичаени замени. Од клупата за резерва прво на полувреме во игра влегол Кусини Јенги наместо неговиот помлад брат Тете Јенги кој дал гол. Во 81' минута уште еден брат, Дизел Херингтон влегол наместо помладиот брат Лукас Херингтон и дебитирал.

Кусини Јенги има 27 години, игра центарфор, висок е 1.90 см а настапува за јапонскиот клуб Санфресе Хирошима. Интересно, неговиот помлад брат Тете Јенги е уште повисок, 1.97 сантиметри и исто игра центарфор, за јапонскиот клуб Мачида Зелвиа.

22-годишниот Дизел Херингтон игра стопер за австралискиот клуб Централ Коуст Маринерс. Лукас Херингтон е далеку попознат, има 19 години игра исто стопер, за англиски Хал Сити.

14 ноември 2026 - 19:19