Белгиски медиум во целосна сопственост на фламанската влада се потегнал да сними репрезентативен прилог за Македонија, за оние илјада баталени грла добиток кои талкаат по општината и прават бељи а за кои градоначалникот вика дека би ги средил за 10 дена, само кога би му се дала надлежност. Истата оваа општина што не може да ги среди кравите има дадено 45.000 евра за Лепа Брена.