Претседателот на организацијата "Ослободете ги робовите" проценува дека во Бразил моментално околу 200.000 луѓе се заробени во робовладетелски однос.
Со овој проблем земјата почнува посериозно да се справува во 2004-та а проценката вели дека во последниве 20 години околу 50.000 луѓе биле ослободени од робување по плантажи, рудници и фарми.
Проблем е што досега компаниите кои мораа да ги ослободат робовите не се соочуваа со никаква законска последица но сега се подготвува закон со кој на фирмите во кои ќе се затекнат вакви лица ќе им конфискува целиот имот.
Урбаната средна класа постојано расте во Бразил меѓутоа руралната сиромаштија останува исклучително тежок проблем. Токму од таму се регрутираат робовите намамени со ветувања за добра работа. Меѓутоа, им се прават шеми со позајмици и наводни трошоци за патување, облека и храна по што влегуваат во кругот од кој тешко се излегува. А бидејќи не добиваат ни денар за напорната работа, не се ни осмелуваат да побегнат.