Патрис Лумумба беше убиен од домашни изроди и странски (белгиски) платеници на 17 јануари 1960 година, брзо откако провинцијата Катанга објави декларација за независност на територијата која беше во колонијална сопственост на Белгија.
Умира со многу други во хаосот кој настанува бидејќи и Брисел и Вашингтон проценуваат дека независно Конго може да стане сојузник со Советскиот сојуз.
Откако го убиваат, телото на првиот премиер на независно Конго бива стопено во киселина. Меѓутоа, белгиски офицер кој учествувал во расчистувањето на посмртните останки, за спомен зачувал заб од борецот за независност и национален херој на земјата. Човекот подоцна станува фламански полицаец кој очигледно не ја криел многу строго приказната за неговата воена „амајлија“ па таа некако дошла и до потомците на Лумумба, неговите два сина и ќерка.
Тие пишале писмо и го замолиле кралството да го добијат забот од нивниот татко бидејќи поседување материјален реликт е важен елемент во африканската традиција на тагување по починатите.
Белгија се согласила и сега го враќа забот.
Колку се бе само цивилизирани...
*********
види и:
Кога ќе убиеш десет милиони Африканци, не те викаат „Хитлер“
Писма на читатели од братската Република Конго
Кога Конго одби 100 грчки тенка и 1.000 хаубици за нашето име