Amnеsty International прозва големи и угледни светски фирми да ја зголемат контролата и да инсистираат на докази дека кобалтот кој го вградуваат во своите производи не е резултат на детски труд. Apple, Samsung и Sony се дел од фирмите обвинети дека недоволно го проверуваат потеклото на суровините кои ги користат.
Конго произведува речиси половина од целокупниот светски кобалт кој се користи за батерии. Пред две години имало околу 40.000 деца кои работеле во тамошните рудници.
"Поминував по 24 часа во тунелите... таму морав и нужда да вршам... мојата згрижувачка мајка планираше да ме прати на школо но мојот згрижувачки татко беше против и ме тераше да работам во рудник," сведочи 14 годишниот сирак Пол.
Трговците го продаваат кобалтот на една конгоанска компанија која е подружница на кинескиот гигант Huayou Cobal кој материјалот го обработува и го продава за батериски компененти на производители во Кина и Јужна Кореја а кои се важни снабдувачи во автомобилската и ИТ индустрија, вклучувајќи ги тука Apple, Microsoft, Samsung, Sony, Daimler и Volkswagen.
Демократска Република Конго изобилува со вредни минерали па сепак е една од најнеразвиените држави во светот. Богатите наоѓалишта се причина за бескрајни вооружени судири кои траат повеќе од 20 години.