Го знаете ли Драганче?

Драганче и тоа Митрески. Што друго да кажеме освен: Евровизијо, спиеш ли мирно?

Во првата песна се раскажува дека Драган сонувал девојче (која му тежела како камен) ама после кога се разбудил женската ја немало.

Он после сакал да се убие, тоест да се убоде во пределот на градите ама некој побратим го пишмани јер момето било селанче; барем да била граѓанче со кратко фустанче.

Какво фустанче?

Фустанче фрт, фрт, фрт.

*****

И втората песна на Драганче е поврзана со спиење, овојпат во неговата поблага форма наречена дремка.

Дремката се одвива на маса а предизвикана е од тоа што Снеже го има напиено Драганче со Скопско и Златен Даб.

Има ли Драганче некој совет за Снежето?
Има.
„Ако ти заѕвони телефон и некој ме бара, ти слободно кажи му среќено се одмарам“.
Ете така да знае.

корисен линк

 

4 октомври 2018 - 13:32