Џек Дајсон е син на легендарниот Џејмс Дајсон кој на човештвото му ја подари револуционерната правосмукалка без кеси. Џејк има посебен подарок: електрична сијалица која трае 40 години. А и после 40 години не прегорува туку продолжува да свети со 70 проценти од првичниот капацитет.
Се темелат на ЛЕД технологија а ана што ги разликува од останатите долговечни сијалици се вградените канали кои ја носат топлината надвор и на тој начин не дозволуваат прегревање, што е главната причина за смртта на една сијалица.
На Дајсон му е јасно зошто една супериорна технологија бавно го освојува светот.
"Индустријата на заменливи сијалици вреди милијарди долари и повеќето произведувачи не се заинтересирани да направат сијалица кој на човека ќе му трае цел живот. Така беше и со правосмукалките на татко ми, постоеја многу луѓе кои живееја од производство на кесите".
Постои една теорија дека големите произведувачи на сегашните сијалици имаат таен договор да го ограничуваат времетраењето на нивните производи за да се одржува обртот и профитот и дека тоа трае уште од создавањето на нивниот картел Фебус во 1924 година. Не дека нема факти во полза на таа теорија: пред 1924 година, сијалиците веќе имале животен век од 2.000 часа (со неквалитетни материјали и неразвиена технологија) а ден-денес можат да се најдат функционални британски сијалици кои биле произведени во текот на Втората Светска Војна, кога патриотскиот интерес - за кратко - го претркал комерцијалниот.