Се вика Мајкл Шо и е 54 годишен клинички психолог чиј главен интерес е визуелното мислење. Шо води еден извонредно занимлив сајт Bagnews кој се занимава со визуелна политика, медиумската писменост и анализи на политичките фотографии.
За него класичен булшит се и ваквите фотографии како оваа на Обама на која седи сам во јавен превоз, загледан и веројатно замислен за судбината на својата земја.
"Живееме во хипервизуелно општество во кое зад сликите можат да стојат разни интереси, лажни приказни и вредносни пресуди," вели Шо кој е свесен дека во време на Фејсбук и Инстаграм, ваквите спинувани содржини можат многу лесно вирално да се пренесат насекаде.
Сајтот неретко се занимава со деконструкција на дневно-информативните фотографии и приказните кои стојат зад нив. Фотките кои циркулираат наоколу често знаат да бидат извадени од контекст или пак да бидат културолошки обоени од авторот, неговите ставови и предрасуди.
Ваквата посветеност и педантност на Bagnews знае да направи вистински земјотреси во светот на фотографијата, како кога ја разобличија фотографијата која два пати беше наградувана на светски угледни натпревари.
За крај, еден од најефикасните примери кои покажуваат колку една фотографија може да напакости на реалноста и вистината. Фотографијата подолу е на Ројтерс и на неа недвосмислено се укажува на некои "берлускониевски" афинитети на Барак Обама кој не може да се воздржи а да не зазјапа во женска позадина.
Меѓутоа, видеото од истиот настан покажува дека Обама и не е толкав манијак како што можеме да закллучиме од фотографијата и дека тој фатен момент можеби е многу побанален.
Но, не дека на сцената нема еден друг манијак.
Пратете го Саркози: