Лавовско срце

Кога некој лепицанер ќе одбие репрезентација, раскажете му за Шенгелија

Приказна е ова за филмско сценарио....

Пазете го ова:

Во четвртокот вечер во 17:00 часот по наше Средноевропско време а 20:00 по време во Дубаи, Торнике „Токо“ Шенгелија, капитенот на Грузија игра 22 минути евролигашки натпревар за Дубаи против Партизан. Натпреварот завршил во 18:55 по наше време односно 21:55 по дубајско време.

Шенгелија по натпреварот тргнал на аеродром и одлетал со авион од Дубаи за Атина каде репрезентацијата на Грузија играше против Грција квалификациски натпревар за Светско првенство. Стигнал во хотел во Атина во 4 часот наутро. Притоа пред летот за Атина дознал дека баба му со која бил многу приврзан починала во Грузија.

Вечерта (синоќа) одигра 44 минути во сензационалната победа на Грузија која губеше 7 поени на 50 секунди пред крајот!

Со незгодна повреда на лактот, Торнике Шенгелија за 44 минути на паркетот постигна 25 поени од кои две клучни слободни фрлања во продолженијата за потврда на победата и забележа 11 скока.

Грузија губеше 7 поени разлика на 50 секунди до крајот но на крај успеа да израмни и во продолженија чудесно да победи:

Селекторот на Грузија Србинот Александар Ѓикиќ после мечот изјавил: 

„За Токо? Не знам што да кажам.... Имавме според протоколи да го одмориме, користевме тајм-аути, слободни фрлања, прегледување снимки... Но тој играше синоќа. Стигна во хотелот во четири наутро. И играше 44 минути и постигна 25 поени. Мене работата ми е олеснета зошто тренирам таков тип играч. И на моите играчи животот им е полесен зошто имаат таков капитен“.

27 ноември 2026 - 13:44