Неколку едноставни експерименти изведени на Кембриџ покажале дека децата до 7 годишна возраст и евроазиското шарено врапче имаат идентичен успех во решавање логични задачи.
Бил искористен познатиот експеримент во кој учесникот треба да смисли начин да се напие вода од половина полна туба а за помош да има само топчиња (да, се ставаат топчиња во тубата за да се подигне нивото на водата).
Деца на 4 години потешко го решаваат тоа од врапчето, на 7 години се исти во брзината со врапчињата а кај постари од 7 години, ние водиме.
Вториот ексримент е варијација на првиот и треба да се сконта дека некои топчиња вршат работа а некои не (оние што тонат а не оние кои пливаат на површина). Идентитчни резултати - до 7 години, логичката трка на деца со врапчиња е нерешена.
Малите имале подобар успех од пердувестиот противник само во експериментот во кој било потребно да се размислува надвор од рамките на претходно стекнатите знаења.