Од Њујорк, со љубов:

Дуке, Крсте и Исмаил ви честитаат Нова година

Ок Македонци. Пробавме да си ги извадиме очите, ударнички се потрудивме да се надвикаме и прекувремено се потрудивме да се испомразиме до коска. А да пробавме малку со љубов и убавина? Пред крајот на оваа заебана година токму со такво полнење доаѓа поздравот до сите вас од нашата њујоршка екипа. Песната (музика, текст и аранжман) е на Дуке Бојаџиев, пее Крсте Роџевски, на кларинет е Исмаил Лумановски, на виолини Владимир Крстев. Отворете си ја душата, "Свет без граници" е љубовна порака. Преубава.


Свет без граници

Миг во солзи радосни,

Ноќва,

Ме облева со сјај


Опиен од возбуда,

Лебдам,

Над планетава сме знај


Реф:х2

Сите едно пееме,

Вечерва од љубов семе сееме,

Полиња со среќа полни жнееме,

Еден свет без граници да живееме


Божеви убавини,

Те гледам,

Ме милуваш,

Просветлуваш


Реф х2
 

mp3 и wav, за радио станици бесплатно да си симнат и да појачаат доза наоколу.

23 декември 2016 - 16:52