Холандска студија идентификувала неколку примери на неверојатна способност на птици да се адаптираат на урбаната околина. Каква вештачка, ние ќе настрадаме од туѓата, поупорна природна интелигенција!
Иако на прва звучни необично, препарираните тела на птиците се користат за набљудување на живиот свет на помалку инвазивен начин. Јасно е додуша дека и на војската и на разузнавачите им одговараат дронови кои не личат на машини, но засега е рано да се размислува за можните (зло)употреби.
Антологискиот филм на Хичкок, „Птици“ е снимен врз основа на краток расказ на Дафне ди Морије од 1952. Во него промена во однесувањето на птиците се поврзува со влијанието на технолошкиот развој по Втората светска војна.
Птиците се оригиналните музичари. Ова е појдовната точка на „Проект птичја песна“ на Здружението Одибон, американска непрофитна организација посветена на конзервација на птиците и нивните живеалишта, формирана во 1905. Во него веќе се вклучени познати музичари, писатели и уметници, а планот е нивниот број да достигне 220.
Во свежиот документарец на Манчестер Сити „Заедно“ (Together) премиерно прикажан на клупскиот Јутјуб канал кој раскажува за последните неверојатни недели од минатата сезона, има и едно необично откритие.
Бил еден од најозлогласените криминалци во САД на почетокот на 20 век. Но титулата „најпознат затвореник на Алкатраз“ не ја заслужил толку со своето криминално минато, туку со едно необично хоби за затворски услови.
Станува збор за црцор на птици. Но тоа за нив е еден цел јазик, па оттаму секоја паралела со човечки јазици кои изумираат затоа што на нив едноставно не се (или сè помалку се) зборува, не се ни малку случајни.
Во џунглата на Твитер еден професор по орнитологија на Њујоршкиот универзитет, Ден Балдасаре објави нишка во која ги споредуваше голманските дресови од '90-те години со интересни птици.
Меѓународен колектив на ди-џеи и композитори на електронска музика прави мешавина на денс ритми, звуци од шумата и џунглата и песна на птици. Приходот од продажбата оди за спасување на најзагрозените видови.
Понекогаш во серии кои се за дрога, убиства и прељуба ќе се најде некој ситен, навидум страничен детал, кој овозможува симболичко толкување на целата содржина. Во случајов инвазивен вид птици, за чие постоење во САД е виновен - Шекспир.
Џон Едмонстон се родил како роб, а умрел како слободен човек. Некаде во текот на животот го подучувал Чарлс Дарвин на сè што знаел за препарирањето птици. А знаел многу.
Една сериозна повеќе децениска студија открива фрапантно и потенцијално катастрофално изумирање на инсектите. Се разбира, ако не се смени работата, наскоро ќе пишуваме исто за птиците. Само гнидите меѓу луѓето се сигурни на оваа планета.
Опишана како една од најзначајните современи писателки, Атвуд, набргу откако го прими Златниот венец во Струга, има уште една причина за частење. Вчера, 6.9., од печат излезе нејзина нова книга - стрип чијшто главен лик е мачкоптица.
Хранењето птици во урбанизирани услови се сметаше за кул навика со која човек го помага одржувањето на еко системот во своето место на живеење. Е, па, грешка.
Норвешката телевизиска мрежа која се специјализира за разни форми на тн "бавна телевизија" има нов, урнебесно досаден концепт. Воаерисување на животот на една пердувеста банда.
Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.