Робин Перкинс е 33-годишен ди-џеј, композитор и продуцент од Англија. Неговиот прекар е Ел Буо или „Бувот“. Тој го продуцирал првиот дел од својот проект кој комбинира птичји песни со електронска музика во 2015, под наслов „Водич за песните на птиците од Јужна Америка“.
Тој на уметници од татковината на загрозените птици им испратил песни од овие видови и ги поканил врз основа на нив да креираат сопствена електронска музика. Овој жанр е избран затоа што овозможува експериментирање, претворање на песната на птиците во милион нешта, па дури и во инструмент самиот по себе.
Неодамна Перкинс го завршил својот втор проект, „Водич за песна на птици од Мексико, Централна Америка и Карибите“. Еден од музичарите на него е никарагванскиот звучен уметник Тамара Монтенегро. Таа го избрала тиркизниот мотмот Eumomota superciliosa, познат и како Торогоз, кој главно живее на полуостровот Јукатан. Оваа птица е загрозена заради опустошувањето на шумите кои претставуваат нејзино живеалиште. Се смета за национална птица на Никарагва, и е симбол на слободата.
Втор музичар на албумот е Ал Овандо, член на Гарифуна колектив кој вклучува музичари од Гватемала, Хондурас и Никарагва. Тој ја избрал птицата од родот Мелантопила (black catbird) која доаѓа од бреговите на западна Африка. Освен што е музичар тој е и посветен љубител и набљудувач на птици, и секогаш кога бендот е на турнеја на списокот побарувања до организаторите додава ставка дека ако има некој кој на фестивалот или на концертот сака да оди да гледа птици тој би им се придружил.
Целиот профит од овој албум ќе оди кај специфични организации кои се грижат за птиците, како Брдс Карибиан.