Таг: албум

Смрт и ужас: кога контроверзен албум со звучни ефекти станал хит

„Звучни ефекти број 13“ поттикнал контроверзи кога бил издаден во 1977. Но и покрај морничавите наслови на композициите како „Црвена жешка маша во око“ и кампањата за да биде забранет, ефектот бил обратен - тој станал хит за издавачот, Би-би-си.

Најнеслушливиот албум на сите времиња?

Се вика „Метал машин мјузик“ и е петтиот студиски албум на Рид, како соло изведувач. Уште од времето на неговото излегување во јули 1975 критичарите и публиката биле збунети - дали навистина станува збор за експериментална музика или е просто „местенка“, нож забоден во ушите, особено на првите. 

Новиот албум на „Мјуз“ ќе отвори нова категорија на топ листите

Последен пат нова категорија албуми на топ-листите беа оние кои можат да се слушнат на стриминг платформите. Од тогаш поминаа седум години. Сега таква категорија ќе станат и оние издадени како NFT или незаменливи токени.

Што можат да имаат заедничко хорор, народно и Марија Кири?

Бендот има шармантно име, а неговиот нов албум е базиран на графичка новела посветена на Марија и Пјер Кири. Необичното е што тој претставува мешавина на „радиоактивен“ фолк, на хорор традицијата во американската книжевност и на детално биографско истражување на животот и делото на спомнатите научници.

Зошто колекција на песни се вика „албум“?

Иако е антички термин, денешното значење на зборот „албум“ потекнува од почетокот на 1900-те и од сличноста со албум за фотографии.

Изгледа доаѓа новата ера на Адел

Гласините се дека ќе има нов албум со наслов 30, ама не се знае точно кога.

Загубениот албум на претседателот на Замбија, Кенет Каунда

И во револуционерните 1960-ти, герилецот Каунда шетал наоколу со точак и гитара. Често знаел политичките пораки да ги вметне во песни. Сега е пронајден албум од 2005, со кој се обидувал да ги образува младите во врска со ХИВ.

Мeриен Фејтфул чекори со убост и на 74

Комбинација на поетско рецитирање и музика, „Чекори таа со убост“ е нов албум на Фејтфул во соработка со Ворен Елис, Брајан Ино и Ник Кејв. Тој е израз на нејзините животни премрежја, од кои последното беше тешката борба со Ковид-19.

И селекторот доби своја сликичка во албумот за ЕВРО 2020

На нешто повеќе од 2 месеци до почетокот на Европското првенство, Македонија западна во фудбалска еуфорија, а најмногу благодарение на надреалниот триумф во Германија. Играчите запалија огномет, а искри фрла и албумот со сликички Панини.

Нов албум на Кронос квартет во чест на пејачот и активист Пит Сегер

Можеби не го знаете името на Пит Сегер, но веројатно ја знаете неговата изведба на We Shall Overcome, старата духовна песна која со негова помош стана химна на движењето за граѓански права во Америка. Гудачкиот квартет Кронос сега му посветува албум.

Ти Боун Барнет и неговата песна од 5000 стихови

За Џозеф Хенри Барнет, попознат како Ти Боун, сме пишувале и претходно, но како продуцент и автор на филмска музика (The Hunger Games, Crazy Heat, O Brother, Where Are Thou? и др.). Но еве го сега со нов албум со сопствена музика, и што е уште поинтересно, сопствени стихови.

Нов албум кој го претвора звукот на загрозени птици во електронска музика

Меѓународен колектив на ди-џеи и композитори на електронска музика прави мешавина на денс ритми, звуци од шумата и џунглата и песна на птици. Приходот од продажбата оди за спасување на најзагрозените видови.

Реиздаден последниот албум на Милан Младеновиќ

Култниот албум Angel's Breath е последно нешто што го направи Младеновиќ во својата богата музичка кариера. За жал, не го дочека неговото излегување. Овие денови издавачката куќа Кроација рекокрдс го реиздаде, а во продажба ќе може да се најде од 19 јуни.

37°C - заборавениот прогресивен (и визионерски) рок бенд од поранешна Југославија

Новогодишен подарок од домашните ни ги отвори очите (всушност, ушите) за албум снимен далечната 1979. На него има прогресивен рок, амбиентални мелодии и глас на две пејачки кои тогаш биле во подем - историја на една култура, од која и ние некогаш бевме дел.

Жан-Мишел Жар издаде „бесконечен“ албум

Насловот е „Еон“, специјално програмирана апликација за ајфон, која произведува динамичко парче музика, такво кое постојано еволуира.

Излегува нов (двоен) албум на Ник Кејв!

Главна тема на „Гоустин“ е „дух кој се сели“ од родителите во нивните деца. Уште од сега ни се тресат коски.

„Фала за танцот“: најавен постхумен албум на Леонард Коен

Наскоро (22.11) ќе излезе до сега необјавен материјал на мајсторот кој почина во ноември 2016, на 82 години.

Човекот кој пиел со Леонард Коен, го добил прекарот од Џоан Баез, а сега објавува прв албум со Ник Кејв

Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.

Масив Атак издадоа албум во нов формат: ДНК

По повод 20-годишнината од прекрасниот „Мезанин“, бендот го енкодираше албумот во нишки синтетичка ДНК. Еден спреј може да содржи околу еден милион копии.

Лени Кравиц: Џони Кеш ме тешеше кога умре мајка ми

Кравиц има нов албум, Raise Vibration, на која има песна посветена на Кеш. А за посветата има и добра причина.

Марк Рибо има нов, протестен албум

Есента ни беше на гости на Скопскиот џез фестивал. Сега објавува нов албум под наслов „Песни на отпорот 1942-2018“. На една од нив му гостува и долгогодишниот соработник, Том Вејтс.

50 години од албумот A Saucerful of Secrets на Пинк Флојд

„Пајнче тајни“, од оние чинивчиња што стојат под порцеланските шољи за чај. Втор студиски албум на легендарната група, но значаен заради тоа што е и последен на кој свири еден од основачите, Сид Берет.

Пронајден загубениот албум на Џон Колтрејн од 1963

На 29 јуни ќе биде објавен албум на славниот џез музичар и саксофонист, за кој до сега се сметаше дека е исчезнат.

Реиздаден електронскиот албум на Урсула Ле Гвин

Во 1980-тите, славната авторка на научна фантастика учествуваше во правењето на албумот "Music and Poetry of the Kesh", аудио дополнување на нејзин роман од истиот период. По нејзината смрт овој јануари, тој сега е реиздаден.