Опишан како „анти-Трамповски“, новиот албум на познатиот гитарист е составен од 11 песни, а сиот профит од него ќе оди кај организацијата Indivisible Guide. Нејзина мисија е вмрежување локални групи кои дејствуваат против агендата на Трамп, кој според нив ги загрозува „сите делови на прогресивниот екосистем“.
Дел од песните се инспирирани од протестни класици, како „Бела чао“, но други се напишани специјално за албумот. Една од нив чиј автор е Рибо се однесува на имигрантот од заедницата Сики, Сринивас Кучиботла, по професија инженер, кој бил убиен од насилници во 2017, кои го сториле тоа мислејќи дека тој е муслиман. Еден стих вели: „Беше убиен од лудак/Ама Трамп го наполни пиштолот“. Засега тоа е единствениот сингл издаден од албумот:
На траката се слуша гласот на кантри легендата Стив Ерл, а на друга песна од албумот (токму на „Бела чао“), пее и Том Вејтс.