За мене е фасцинантно како вакви луѓе после сè воопшто имаат образ да се појават во јавност. Како не одат во манастир и да забранат огледала во сите простории и да кажат не сакам веќе никогаш да го видам своето лице, не сакам да го чујам својот глас, не сакам луѓето да ме гледаат, бидејќи им нанесов толку многу зло. Сега одат наоколу и повторно ветуваат како да се новородени. Шешељ како да нема никаква врска со сето она што се случи во оваа земја, со криминалот и со сета таа мафија. Сега се појавува како татко што се вратил од службен пат и вели: ајде деца, да видиме што сте исполупале.
Зоран Ѓинѓиќ
Глас Јавности
16.09.2002.