пишува: Кло Маданес, семејна терапевтка
Повеќето луѓе тврдат дека ни е потребно да сме среќни - да имаме квалитетни животи, да уживаме во себе и другите, да се чувствуваме исполнето и да ја делиме нашата љубов и пријателство со други луѓе, со кучиња и мачиња или кој и да е.
Од друга страна, има луѓе кои живеат како само да им е важно да се чувствуваат мизерно. И фасцинантно е колку се успешни во тоа, иако мизеријата не им носи некоја добит: тоа што се чувствувате мизерни не носи нови пријатели, љубови, подобра работа или повеќе пари.
Зошто тогаш го прават тоа?
По консултирање на искуствата од најдобрите терапевти имам дојдено до заклучок дека чувството на мизерност е уметничка форма која бара креативен напор. Со други зборови, кога живеете во стабилни услови, во мир и просперитет, кога не се соочувате со глад, епидемии или војни, чувството на мизерност е вештина сама по себе која бара визија, имагинација и луцидност. И притоа, дава смисла на животот.
Значи, ако сте решиле да бидете мизерни, кои се најдобрите проверени техники за тоа? Да ги исклучиме очигледните патишта: да земате дрога, правите криминал, да се коцкате или да тепате некого во семејството или комшилукот.
Посуптилните тактики, оние во кои никој нема да дознае дека го правите тоа намерно, се многу ефикасни. Мора да се преправате дека сакате да сте среќни и дека ги сакате луѓето, инаку луѓето нема да ѝ веруваат на вашата мизерија. Вистинската уметност лежи во способноста да правите работи кои лично ќе ве прават да се чувствувате мизерно ама да се претставите како невина жртва, по можност пред луѓе од кои очекувате да ве сожалуваат.
Се разбира, притоа неизбежно е и својата околина да ја направите да се чувствува мизерно, барем додека не ве напуштат, што ќе биде само уште една добра причина да се чувствувате мизерно. Попат, постојано треба да ги имате превид предностите кои ви ги носи вашата мизерија:
* Кога сте мизерни, на луѓето им е жал за вас. И не само тоа, неретко тие се чувствуваат и некако виновни за тоа, како да се тие криви. Тоа е добро! Голема моќ лежи во способноста да ги правите другите да се чувствуваат виновни. Луѓето кои ве сакаат или зависат од вас, во тој случај ќе газат како на јајца, само за да не кажат или да не сторат нешто кое ќе ја зголеми вашата мизерија.
* Кога се чувствувате мизерно, немате ни надеж дека нешто добро ќе ви се случи па затоа не ни можете да завршите разочарани.
* Да се биде мизерен дава впечаток дека сте умен и контемплативен човек, особено ако вашата мизерија не се однесува само на сопствениот живот туку и на општеството во целина. Мизеријата дава аура дека сте човек кој носи некое возвишено, трагично бреме кое плитките а среќни луѓе не можат да го разберат.
----------------------
Доколку сакате да дознаете 14 пробани и ефикасни навики на многу успешни мизерни луѓе, читнете тука во овој супер забавен ироничен текст.