Прво и најбитно, финтата не е како да се испие што е можно повеќе - правилата за таа „игра“ се прилично едноставни. Земи и пиј дур не се „убиеш“.
Неговите совети се за тоа како да се пие без да се изгуби контрола. За музичар кој, како што е познато, никогаш не се напил „Кока-кола“ без во неа да додаде „Џек Даниелс“, било важно да не ја премине границата.
Се разбира, и тој не секогаш успевал во тоа. Но, добрите совети ретко доаѓаат од луѓе кои имаат 100% успех. Сте чуле, човек учи од своите грешки.
За Леми, постои една тенка и едвај едвај забележлива линија помеѓу некој што пие многу и алкохоличар.
„Исто како што постои тенка линија помеѓу тоа да рибариш и тоа само да стоиш на брегот и да изгледаш како идиот“.
Па ќе каже:
„Разликата е во тоа дали знаеш што правиш кога пиеш; ако не знаеш, стануваш ужасно досаден пијаница. Ако знаеш кога да застанеш, стануваш неверојатен, светски човек полн со анегдоти. А тоа секако е подобро отколку да бидеш оној тип што ќе се посере во када.“
Една од предностите кога човек знае кога да застане е што следниот ден може да се сети каде и со кого пиел.
Освен тоа што треба да се знае кога да се прекине, Леми дава уште еден клучен совет:
„Запомни: не е важно што пиеш, ниту колку пиеш, туку колку БРЗО го пиеш тоа“.
Мамурлукот е башка работа. Леми тврдеше дека никогаш во живот не би мамурен, со објаснување кое држи вода но и е контрадикторно со претходните совети:
„За да бидеш мамурен, како прво, треба некогаш да престанеш да пиеш“.
Би можеле да го завршиме овој текст со фразата „ве молиме, пијте одговорно“ - чисто за да оставиме впечаток на морални и пристојни луѓе - но, со оглед на тоа што свесно сте побарале и сте прочитале околу 360 зборови од „водичот за пиење“ на Леми, каква би била поентата?
Види и: