Во досегашните осум пресметките против Словенците, имаме 4 победи, 2 нерешени и 2 порази.
Незаборавната пресметка остана онаа во Крањ во 1993-та, кога почна нашата репрезентативна фудбалска приказна.
Најсвежи ни се сеќавањата од квалификациската за ЕП на Градски која се одигра на 10 октомври 2019-та.

Под водство на Игор Ангеловски победивме 2:1, со две прекрасни фудбалски акции. Двоен стрелец, Елиф Елмас.
Нека се повтори вечерва.