Англија под водство на Томас Тухел 1 час и држеше фудбалски час на светската велесила Шпанија и водеа со неверојатни 0:3 среде Мадрид.
Англичаните предводени од Хари Кејн, Белингем и Гордон доминираа на теренот, создаваа шанси и даваа голови преку капитенот Кејн, стоперот Конса и бекот Бен Вајт.
Но во 63' минута останаа со играч помалку по грубиот фаул во шеснаесетникот на Елиот Андресон врз Ламин Јамал, Шпанија доби пенал, Микел Ојарзабал намали на 1-3, па нововлезениот Нико Вилијамс на 2-3 и до крајот се гледаше драма.

Можеби играч на натпреварот беше голманот на гостите Џејмс Трафорд кој бранеше феноменално и со неколку клучни интервенции ја сочува победата на Англија.
Хари Кејн пак кој ја доби неодамна Златната топка за најдобар фудбалер на светот, постигна гол на секој од своите последни седум натпревари на гости со што го израмни најдолгиот рекорд со гол на гостински натпреваро кој уште од 1948-ма го држел Том Фини.

Во групата Англија и Шпанија имаат по 15 бода и одат во четвртфинале на Лига на Нации. Хрватска ја совлада Чешка 2-1 и како трета ќе остане во елитната А дивизија а Чесите се селат во понизок ранг долу.
