пишува: Аурора Сноу (екс порно актерка со 381 наслови)
МЕНЕ. Гледај ме МЕНЕ. Обрни внимамание на МЕНЕ.
А точно вниманието е она што го мажите го бараат кога ни испраќаат свои фотографии со голи гениталии. Се разбира, и ние жените можеме да бидеме виновни за истото. И жените испраќаат фотки со деколтеа или танги. Всушност, жените имаат повеќе опции за тоа што ги пали мажите а овие пак, можеби веруваат дека единственото нешто што ги интересира жените е она што го имаат под појасот.
Зошто мажите ни испраќаат фотки со своите патлаци? Тоа се прашувам секогаш кога бришам непознати гениталии од моето меил сандаче или тајмлајнот на твитер. Сум добила стоцици, ако не и илјадници такви фотографии. Мажите мислат дека жените сакаат "да им го видат" исто колку што тие сакаат да гледаат женски делови на тело.
Извинете што ќе ве разочарам дечки, ама, не е баш така.
Верувам дека мажите се повеќе визуелни суштества а жените повеќе вербални. Погледнете ја само демографијата на корисниците на порно и на љубовни новели. Како и многу други жени што ги познавам, попрво би ме возбудило добро писмо отколку гола фотографија.
Претпоставувам дека мажите кои испраќаат такви фотографии сакаат да импресионираат. Мислат, да се тие жени, тоа би ги возбудило. Повеќето од нив би скокнале од радост кога женската би им пратила своја разголена фотка. Поранешниот конгресмен Ентони Винер (како Weiner), не е исклучок. Веројатно неговиот таен прекар Карлос Дејнџер му нудeл слобода од неговиот Винер идентитет. Можам да го разберам. Мојот прекар е Аурора Сноу и тој ми беше штит додека снимав сцени кои не би можела да ги изведам со моето родено име и презиме.
Сексот започнува во мозокот. Треба да бидеме подготвени да започнеме со таква предигра. И да го сакаме тоа. Во спротивно, ефектот е обратен.