Можеби ви се случило - објавувате врвно уметничко дело (слика, скулптура или фотографија) на кое има голотија, и социјалните мрежи ви го банираат, заканувајќи се да ви го блокираат и профилот. Откако ова редовно им се случувало на виенските музеи кои никако не можеле да се разберат со Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, дека Егон Шиле и Климт не се порно содржини, тие одлучиле да си отворат профил на Онли фанс - социјална мрежа наменета само за возрасни.