Силно светнал ден:

Плејбој ги враќа голите

Откако ја извади голотијата заради зголемување на рекламниот опсег, Плејбој мудро реши дека е глупо да се откаже од својот идентитет. Потег кој заслужува аплауз, само што, за аплауз требаат две раце, а Плејбој е магазин кој се чита со една.

Плејбој се враќа на своите корени, една година откако реши да ги покрива најзанимливите делови на женските тела со цел да биде попривлечен за што поголем број адвертајзери.

Одлуката ја донесе моменталниот кормилар на империјата и нејзин креативен директор, Купер Хефнер, 25 годишен син на метузалемот Хју, кој рече дека Плејбој мора повторно да биде горд на тоа што е.

Минатогодишната одлука за талибанизирање на девојките за многумина и онака беа лош и непромислен потег. Компанијата тоа го сфати после една година, откако виде дека упристојувањето можеби ги решава проблемите околу поставување на магазинот на видни места на трафиките, но не носи баш толку многу пари како што очекувале.

Враќањето кон традицијата решија да ја прават постепено (тие стварно мислат дека некој денес може да се шокира?) па во новиот број има цицки и газови но не и апла фронтална голотија, заштитната естетика на 63 годишниот магазин кој во златните времиња имаше тираж по 7 милиони примероци.

 

14 февруари 2017 - 09:48