Медиуми

Новинари од Европа го напуштаат Икс

Европската федерација на новинари, организација која тврди дека ги застапува интересите на 320.000 свои членови, најави дека од професионални и иетички причини ќе ја напушти платформата на Илон Маск на симболичен датум, 20-ти јануари, кога треба да биде инаугуриран новиот американски претседател, Доналд Трамп. Чекајте малку, Европа има 320.000 новинари? Па кај се, побогу?

Медиумски мршојадци заработуваат на трагедии

Падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад и смртта на четиринаесет лица очекувано привлече големо внимание не само во Србија туку и во регионот. Не секогаш тоа беше со човечки и здрави медиумски мотиви. Еден хрватски медиум некако се досетил како да заработи од оваа несреќа. Ќе бил прозорец за вистината за несреќата бидејќи во Србија била тотална цензура.

Вашингтон Пост нема да поддржи ниеден кандидат, тоест Камала

За Доналд Трамп се знаеше дека нема да биде поддржан од левичарскиот медиум на Џеф Безос, но интересна е нивната одлука да не застанат зад еден од претседателските кандидати, нешто што го немаат направено од 80-тите години. Претходно и Лос Анџелес Тајмс го направи истото. Мат Таиби вика дека овие два проминентни анти-Трамп медиуми се спремаат за лоши вести од изборите.

Америка сака гасење на РТ... во Индија

Американската дипломатска машинерија почнала да врши притисок врз Индија, од која бара да се приклучи кон нивната света војна за спасување на светот од руските дезинформации и да ја изгаси руската медиумска мрежа РТ на својата територија.

Внатрешна криза се заканува со колапс на БИРН

„Познатиот пропаганден аутлет на Балканот, кој директно е надгледуван од британската владина агенција која Ројтерс еднаш ја означи како „проширување на меката моќ на надворешната политика на Обединетото Кралство“, се чини дека е на работ на колапс по големиот раскол меѓу членовите на персоналот и лидерство“, пишува Грејзон на основа на протечени внатрешни меилови на БИРН.

Олимписките камермани укорени за непристојни снимки

Жените што учествуваат на Олимпијадата во Париз се „елитни спортисти“ кои камерманите треба да ги кадрираат на ист начин како и мажите, порачал директорот на комплетниот пренос од ОИ 2024.

Американците најмногу му веруваат на Тикток за вести

Во споредба со сите други социјални мрежи, Тикток има најголема доверба кај Американците како извор на точни вести, без разлика што американските власти не можат да го смислат.

Белорусија го забрани Дојче веле како екстремистичко

Белорусија ја забрани „екстремистичката“ германска телевизиска информативна мрежа Дојче веле а министерството за внатрешни работи соопшти дека локалната ДВ Белорусија била вклучена во „екстремистички активности“. Секоја понатамошна соработка со нив може да биде оценета како кривично дело а давањето информации на редакцијата носи ризик од повеќегодишен затвор.

Битката со дезинформации е убав бизнис

Оние кои штанцаат дезинформации веројатно живеат убаво ама и овие кои „се борат“ против нив не се за жалење. Финансирани од сороси, влади и министерства, го цензурираат новинарството креирајќи рејтинг листи и индекси за пожелни и опасни медиуми. А бидејќи „обичните“ дезинформации им изгледаа како претесен простор, ја проширија дефиницијата од што сè тие го штитат интернетот.  

Се претвори ли Википедија во Воук-педија?

Скандалот во НПР во кој долгогодишен уредник откри како медиумот е во идеолошко заложништво на новите „прогресивци“, вниманието го насочи кон ЦЕО-тоа на медиумот, Кетрин Мар. Поголем проблем е што таа претходно беше на истата функција во Викимедија. А се работи за жена која „слободниот и отворен“ интернет го смета за проблематичен концепт. Ко-основачот на Википедија се сомнева дека Владата и ЦИА имаат вмешано прсти.  

Како еден наш омилен медиум ни стана бљак

Во првите години на овој сајт, американското јавно радио НПР, заедно со Салон, Атлантик, Ролинг Стоун... ни беше еден од најчесто користените извори на информации. Денес, ретко и да ги отвораме. Во меѓувреме се случи Трамп, пандемијата, диверзитетот... и многу нешта се променија во медиумските профили. Уреднички ветеран во НПР ни потврдува дека не сме биле сами и не без врска сме се оладиле од тој медиум.

Кога животот ти дава Лемони

Дон Лемон беше избркан од Сиенен. Едно време го немаше па деновиве неочекувано најави ново шоу кое ексклузивно ќе оди на платформата Икс. Обезбеди и интервју со Маск, како најава на новото партнерство. Што направи Лемон после тоа? Отиде во Сиенен, да го олајава Маск како не си ја разбирал одговорноста. Дур си исцедил лимон, Маск му го раскина договорот.

Во CNN се спукале заради Газа

На состанок во лондонското биро на CNN имало незгоден состанок на кој се конфронтиралле две страни: оние што работат на вестите и оние кои ја менаџираат компанијата. Во име на првите се карала влијателната/контроверзната/озлогласената Кристијана Аманпур.  Кавгата била за тоа како се покрива војната во Газа и колку тоа  ги доведува во опасност нивните арапски новинари.

Вајс медиа престана со објавување на сајтот на Вајс

Компанијата запре со објавување нови содржини на својата главна вебстрана и во исто време најави дека планира да избрка стотици вработени откако сопственикот не успеа да ја продаде Вајс медиа како пакет.

Алармантни времиња за американските медиуми

За сите нас кои ја сакаме Америка, беше жално да се гледа како во ист ден Путин везе два саата, а Бајден не може да врзе ни две минути. Џо успеа да утне од каде е претседателот на Египет а дента излезе и извештајот дека има проблеми со меморијата и не може да се сети а) кога бил потпретседател и б) кога починал син му Бо. Но, поинтересна е паниката во американските медиуми.

Џон Стујарт се враќа дома

Нов водител и извршен продуцент на водечкото шоу на Комеди централ ќе биде човекот што го прослави и го претвори Дејли шоу во бренд и најпопуларниот водител на шоуто - Џон Стујарт.

Масакр во бизнисот со медиуми

Тоа што речиси дузина меинтстрим американски медиуми отпуштаат илјадници свои вработени и новинари покажува дека медиумскиот бизнис оди лошо. Тоа што ова се случува во изборна година која уште од сега се смета за историски важна, покажува дека бизнисот само ќе оди на бетер.

Има ли право Риз Витерспун да јаде снег?

Се разбира дека ова не е вест и не би била вест да не беше светов ваков каков што па еден потег на актерката да црпне со шоља тазе снег и од него да си направи десерт не само што ги тригерна везден загружените онлајн кибицари туку стигна и до сериозни медиуми. Тие пак решија не само да ја пренесат „загрижноста“ на дел од јавноста туку и да консултираат експерти.    

Спортс илустрејтед, речиси па готово

Во ни најмалку неочекуван исход, магазинот кој со децении беше синоним и парите ги правеше од избирање на најсовршените примероци на женскиот род и нивно објавување на насловната страна, ќе затвори само неколку години откако одлучи радикално да ги промени предусловите за појавување на нивните насловни.

Асошиејтед прес го прогласи плагирањето за „оружје на конзервативците“

Откако афро-американката претседателка на Харвард си даде оставка затоа што беше фатена дека трудови низ нејзината кариера што ја донеле до оваа позиција биле плагијат, една од најголемите глобални новински агенции оцени дека барањето плагијати станало алатка на конзервативците против колеџите.

Шолја Старбакс кафе потешка од кариера

Водителка на вести на турската телевизија ТГРТ Хабер е инстантно отпуштена откако на последното издание на вестите на бирото до себе ставила чашка со кафе од Старбакс.

Како започна војната на мојот Инстаграм

На социјалните мрежи лесно им беше да удираат сатар и да цензурираат околу војната во Украина, откако Запад консензуално ја прогласи Русија и Русите за единствени кабаетлии. По инерција, истото го пробаа и со содржините поврзани со изралеско-палестинската војна, ама тонч - тука ситуацијата е малку покомплицирана во поглед на тоа кој е добриот а кој лошиот.

Блинкен барал луѓе за да ја стишат Ал-Џезира

Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, за време на посетата на Доха, побарал од катарскиот премиер новинската мрежа Ал-Џезира „да го стиши малку“ покривањето на војната во Израел.

Постои ли некаде неутрален агрегатор на вести?

Луѓето во Газа се практично без интернет затоа што бомбардирањата на Израел ја уништија инфраструктурата, но затоа Европа има интернет. А во Европа еден од најголемите агрегатори на вести е германскиот Апдеј чии надлежни дале упаства да се форсира про-изралескиот поглед на состојбата во Газа и да се минимизираат вестите со цивилните палестински жртви.