Следни за отстрел се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа?

Пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, Ричард Гренел, повика на укинување на финансирањето на државните медиуми како што се Гласот на Америка и Радио Слободна Европа. Вели, освен од бирократијата која ја гуши, Европа сега е слободен континент и нема потреба од такви медиуми кои веќе никој не ги слуша. Илон Маск се согласи.

Ричард Гренел потсети дека американските даночни обврзници ги финансираат Гласот на Америка и Радио Слободна Европа, рече дека тоа е реликт од минатото и дека нема потреба од такви државно финансирани медиуми. 

„Тоа се државни медиуми. Медиуми полни со екстремни левичарски активисти. Со децении имам работено со тие новинари, тоа е остаток од минатото“, напиша Гренел на платформата Икс.

На објавата на Гренел се надоврза Маск и пиша: „Така е, гасите ги“'.

1. Европа сега е слободна (не сметајќи ја бирократијата што ја задушува).

2. Никој веќе не ги слуша тие медиуми. 

3. Тоа се само луди радикални левичари кои си зборуваат сами на себе додека горат милијарди долари од џебовите на американските даночни обврзници.

Намалувањето на владините трошоци и „чистката“ во федералните агенции беа високо на агендата на претседателската кампања на Трамп.  Тоа се поврзуваше со „Проектот 2025“ на конзервативната фондација Херитиџ иако Трамп тврди дека нема никаква врска со таа платформа. 

Со неа се предвидува отпуштање на најмалку 50.000 федерални службеници.

10 февруари 2025 - 10:53