Денес удриле РЕСТРИКЦИИ на Фејсбук сметката на Оффнет, заради „голотија или сексуална активност“ (во оригинал „nudity or sexual activity“.
Заради што?
Заради тоа што на Фејсбук имавме споделено слика од ЗНАК ЗА ВЕЦЕ! Слика која, патем, на истата таа платфoрма ја има објавено BBC на српски.
Кај видоа голотија? Кај видоа сексуална активност?
Да, имаш право да се жалиш. Ќе пополниш некое формуларче на 3-4 страни, ќе им објасниш дека не ја разбрале содржината, дека нема тука ни голотија ни сексуална активност, дека е тоа обичен, стандарден знак за веце, тие ќе ти кажат „примено“ и после - штурци. Ко да си поднел барање за пасош во општина Краснојарск во 1978 година. Седат надлежните и грохотом се смеат дали овој стварно чека одговор?
Или тие и нивните алгоритми се екстремно ретардирани или - како што ни тврдат многу упатени добронамерници - некои кругови упорно нè пријавуваат, пошто им бодеме очи со нашите ставови кои не им се бендисуваат и им газиме кајшто ги боли.
Е, ако де. Ние дајал-ап и МИРЦ преживеваме, не па Фејсбук и кодошите.