Уби ме прејак Синан

Македонскиот меш-ап махер Апостол се нашол на немилост на Јутјуб заради неговиот хит Колдплеј/Синан Сакиќ. И тоа не заради Колдплеј.

Ова е апел да се спаси културното наследство на Апостол чии Јутујуб канали се блокирани по барање на Синан химселф!

За да биде бељата поголема, пред некое време хард-дискот на мешап уметникот бил украден па сега не се достапни некои од брилијантните парчиња.

Во меѓувреме, видеото со Колдплеј - Синан е најдено и ќе биде ставено на Вимео ама сè уште недостасува она со Queen.

 ---------------------------

п.с. Најдено! Горе Синан, долу Квин.

 

25 јуни 2013 - 11:35