Ушни глисти, тоа е стручниот назив на оние рефрени кои неповикани ни се всадуваат во глава и знаат да нè прогонуваат дел ден иако не го сакаме тоа.
Виновен за тоа е Заигарник ефектот - тенденција да мислиме на она што не ни е довршено, на ментални задачи кои ни останале нерешени. Луѓето - барем когнитивно - сакаат да го завршат она што го почнале. Затоа, дури и кога нашата свест заминала на нова работа, потсвеста ја потсетува на недовршената, што ни прави конфузија.
Според музичкиот психолог Ајра Хајман, музиката во нашиот мозок функционира како сложувалка. Таа е способна да му се закачи на мозокот како што тоа го умее и дилема од крстозбор. Слушањето музика бара внимание ама, и не до толку - затоа рефрените знаат да се вгнездат во 'лепливиот' простор меѓу вниманието и невниманието и да останат тука.
Она што песните ги разликува од сложувалките е што вториве имаат решение. Можеш да решиш анаграм, крстозбор, судоку, но не и да решиш музички рефрен. Токму затоа музиката ни останува во глава, бидејќи мозокот објективно нема решение за неа.
Сепак, после некои истражувања и експерименти, се дошло до засега најефикасниот начин да се решите од ушна глиста. Да се концентрирате на решавање на друга, не-музичка сложувалка или задача. Да фатите крстозбор, да решите анаграм, да читате книга. На тој начин, можете да го измамите мозокот така што наместо постојниот (аудио) вирус ќе му всадите друг, ментален.
Е сега, не сме сигурни колку е пожелно да решаваш крстозбор само за да избиеш песна од глава, ама во некои случаи, се исплаќа.