- Италијанскиот тренер Андреа Тринкиери кој одлично зборува српски јазик и пред некоја година го водеше КК Партизан, сега е на чекор од враќање во црно-белиот табор.
- Тринкиери доаѓа на местото на Жељко Обрадовиќ кој емотивно го напушти клубот по серија катастрофални резултати и лоши односи со играчите. Навивачите на Партизан во неколку наврати масовно се собраа на аеродром и пред Арената со цел да го вратат нивниот миленик Обрадовиќ на клупата но неуспешно.
- Првиот човек на Партизан Остоја Мијаиловиќ во гостување на Еуроњуз откри дека Жељко Обрадовиќ му кажал како ја изгубил „соблекувалната“ односно дека неколку странски играчи ни под разно не ги почитувале неговите барања а некои од нив дури и ги пцуеле луѓето од стручниот штаб.
- Партизан доживеа дебакл од Панатинаикос во Атина (91:69) а на тој натпревар црно-белите претрпеа историски рекордно негативна серија 25-0 при која Обрадовиќ немо седеше на клупа и не реагираше јасно дека некои играчи го саботираат. „Не сакам трагично да завршам крај клупата на Партизан, здравјето ми е нарушено“, наводно му рекол Обрадовиќ на Мијаиловиќ.
- Во првиот мандат на клупата на Партизан, Тринкиери освои два Купа на Србија и АБА Суперкуп. Ги водеше уште и евролигашите Жалгирис и Баерн Минхен, како и Бросе Бамберг, УНИКС Казањ, Канту и Веролија.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.