- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
- Англиската фудбалска асоцијација (ФА) е казнета со 12.500 фунти и забрана за водење гостински навивачи на првиот следен натпревар поради како што вели УЕФА „расистичко и дискриминаторско“ однесување на навивачите на Англија на гостувањето кај Шпанија кога победија 2:3.
- Дел од казната е и условна казна на две години што значи ќе се активира нова суспензија во случај на повторување на делото.
- Англиските навивачи скандирале: „Fuck the Pope and the IRA“ на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид.
- „Нема да толерираме вака неприфатливи и длабоко навредливи скандирања, и ќе работиме со полицијата која ќе биде присутна на натпреварите на Англија дома и на гости за да ги идентификува изгредниците и да се преземат неопходни мерки“, соопштиле од англиската Фудбалска асоцијација (ФА).
- Минатиот месец Шпанската кралска фудбалска федерација беше казнета со 16.000 евра и делумно затворање на некои делови од трибините на првиот следен натпревар на репрезентацијата поради навредливи скандирања на шпанските навивачи против Муслиманите за време на пријателската со Египет во Барселона.
- Дисциплинската, етичка и контролна комисија на УЕФА соопшти дека парично го казнила Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина со вкупно 45.000 евра поради нереди на навивачите на натпреварот против Шведска во Лига на Нации одигран на 14-ти ноември во Стокхолм.
- Шведска тогаш ја победи Босна и Херцеговина 3:2 во 5. коло од групата Б4 од Лига на нации.
- УЕФА навела дека навивачите на гостинската селекција фрлале предмет на терен, користеле пиротехнички средства и го оштетиле стадионот во Стокхолм.
- Во соопштението се вели дека Фудбалскиот сојуз на БиХ е казнет и со забрана за продажба на карти за следното гостување на натпревари под закрила на УЕФА. Репрезентацијата на БиХ го освои второто место на табелата во групата Б4 од Лига на нации и ќе игра во баражот за пласман во А дивизија од Лига на нации.
- Потенцијални ривали им се: Данска, Велс, Србија и Хрватска. Ждрепката е закажана за в петок напладне во 12 часот.