Тестамент на Павле Вујисиќ, роден од мајка Радмила и татко Мишо, кој првиот ден на ноември 1982 година, при чиста свест и здрав ум ја составува оваа порака.
На Мирјана, жена ми, све што имам, во случај да рикнам, и оставам, со тоа што разумно да го распродаде или отуѓи мојот, односно нејзиниот имот, а ако не е во состојба со имотот да располага, тоа само судот да може да го направи. Мирјана, ако остане после мене, има да ме погребе со сите адети и почести на црквата православна, со шест попови пред моето тело да се видат и да се чујат.
Да бидам закопан во нашата гробница, посмртен говор или слично да не се чуе. Овие шест попа, кои ги сакам за инает, да прават она што се прави околу гроб, да работат и да ќутат.
Нека пеат во себе. Пошто мислам да умирам, инаку што све ова би пишувал, уште да ве замолам никој никаков говор ниту збор да не проговори, оти во гроб ќе се превртам, и не само што ќе се превртам, туку и ќе станам од гроб за да малтретирам, и на него и на сите, колку и да ги има, да им ебам матер.
Павле Вујисиќ