- Искусниот турски стратег, Хамза Хамзаоглу, започнал официјални преговори за преземање на селекторската функција во македонската фудбалска репрезентација, пишуваат информациите од Турција (види ТУКА).
- Веста ја објави турскиот новинар Решат Џан Озбудак, кој пренесува дека Хамзаоглу веќе остварил директни разговори со раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) околу можноста да го преземе кормилото на националниот тим.
- Хамзаоглу е добро познато и ценето име во турскиот фудбал, со богато искуство од водењето на бројни клубови во тамошната Суперлига. Тој би требало да го наследи Гоце Седлоски, после неуспешните настапи во Лигата на Нации, каде Македонија заврши со шест порази и со само еден постигнат гол. Тој покрај Галатасарај, работеше и во Малатијаспор, Денизлиспор, Акхиспор, Бурсаспор, Анталијаспор, а последен клуб му бил Еш Шебаб од Саудиска Арабија, но таму работел како помошник.
- 48-годишниот Белграѓанец Марко Митровиќ наскоро би можел да седне на клупата на фудбалската репрезентација на САД, пишуваат медиумите во регионов. Србинот во кариерата играл за клубови од неговата земја како Земун, Раднички Крагујевац, Смедерево, Банат Зрењанин и Будуќност од Банатски Двор.
- Како тренер почнал во 2011-та како помошник во Банат, ги водел и младинцие на Србија до У-20 и Црвена Звезда У-15.
- Во 2016-та година заедно со Вељко Пауновиќ оди во Чикаго Фајр каде му беше помошник на актуелниот селектор на Србија. Со него беше и во Рединг а потоа во САД ги поминал сите репрезентативни категории како селектор на: У-19, У-20, У-23. Од 2025-та е тренер на клубот Њу Ингланд Револушн а сега е главен кандидат за селектор на САД.
- Митровиќ треба да го замени Маурисио Почетино кој седна на клупата на Манчестер Јунајтед.
- Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за ФФМ говори за односите со ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ, инвестициите во фудбалската инфраструктура, солидарноста во европскиот фудбал и рамноправната позиција на сите национални федерации во УЕФА.
- Чеферин, престојуваше во Македонија на покана на Омерагиќ и го следеше натпреварот меѓу Македонија и Словенија од Лигата на нации.
- „Луѓето постојано ги гледаат само резултатите на А репрезентацијата, но мора да разберат дека тоа е процес. Доаѓам од земја со приближно иста големина како Македонија и знам дека е потребно време за да се создаде вистинската генерација за вистински резултати.
- Македонската федерација се движи во вистинска насока. Колку што сум запознаен, ја подмладивте репрезентацијата и сметам дека јавноста треба да ви даде малку време. Македонија повторно ќе игра на Европско првенство“, порача Чеферин.