Вчера во ЕУ се случи нешто. Од геополитички аспект – речиси безначајно. Но, од морална и политичка гледна точка, тоа е нешто што треба да се прослави.
За што станува збор? Европскиот совет ја „фрли низ џам“ (отстрани од функцијата) полулудата Каја Калас. Во недела полна со ужасни вести, ова е нешто поради што можеме да се насмееме.
Поранешната естонска премиерка Калас моментално е таканаречен Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика. Нејзиното назначување беше јасен доказ дека ЕУ целосно го изгубила разумот: назначија личност која, кратко пред да ѝ бидат доверени надворешната политика и безбедноста на ЕУ, сериозно се залагаше за распарчување на Русија.
Да се испрати г-ѓа Калас во ОН - или каде било на друго место - да преговара за мир и безбедност, е исто како да испратите пироман да преговара со противпожарната служба.
Што се случи сега па Европскиот совет го промени мислењето? Што ги натера да сфатат дека Калас е товар, дури и според нивните сопствени, прилично ниски стандарди?
Изгледа дека таа пристигнала на состанокот на Европскиот совет барајќи да ја претставува Европа во преговорите меѓу САД, Русија и Украина. Тие ја погледнале ужаснати и го направиле она што ЕУ најдобро го знае: назначиле СЕДУМ луѓе да ја претставуваат ЕУ.
Да, 7 џуџиња! Можете ли да замислите? Да барате од Трамп, Путин и Зеленски да седнат на маса со 7 послушници на ЕУ?
И така, бродот на ЕУ продолжува да плови кон својот постепен заборав. До минатиот петок имавме полулуд „лажен“ министер за надворешни работи на ЕУ. Сега ги имаме 7-те мињони.
Само продолжете така, дечки.