Се плашам дека сме го пречекориле природниот скептицизам и почнуваме да го рониме самиот идеал за знаење и експертиза: благодарејќи на леснотијата на гуглањето, потпирањето на Википедија и цитирањето блогери ни се случува еден колапс и бришење на секоја граница меѓу професионалците и аматерите, професорите и студентите; накратко меѓу оние кои имаат нешто постигнато во некоја област и оние кои немаат постигнато ништо“, вели американски професор од морнарички универзитет.
Том Николс се занимава со растечкиот јаз меѓу експертите и американските граѓани во својата книга „Смртта на експертизата: Кампања против утврденото знаење и зошто е тоа важно“.
Добра радио-емисија по повод таа книга за подемот на бесот кај просечниот човек против експертите. Од зналците за вакцини, до стручњаците за Украина кои не знаат земјата да ја најдат на мапа, сè поголем број на луѓе мисли дека знаат многу повеќе од експертите кои со години учеле и работеле во одредена област.
И тоа, според авторот, може да има многу негативни последици во општеството.
Анти-ваксерите се очигледен пример.