Настрана неподносливоста на домашната ситуација во која македонските телевизии имаат шпилови свои „експерти“ и истите ги ротираат од вечер во вечер, проблемот на јавниот однос кон оваа фела е нешто подлабок и зборува за некои посуштински промени кај луѓето. Оние кои имаат најчесто бучно и непоколебливо мислење за некоја тема пошто за тоа „пишуваше и на Фејсбук“.
Фудбалот не го обединува светот на едно место само за време на светските првенства. Тој може да спои луѓе кои со слични судбини се нашле на едно место од каде потоа заедно се обидуваат да го заборават минатото и да станат важен дел од фудбалската мапа.
Меси и пријателите одиграа неколку пријателски натпревари низ светот, а на последниот меч во Чикаго откако многу ѕвезди им откажаа, организаторите беа приморани во последен момент да повикаат неколку аматери. Еден од нив го украде шоуто.
Го превзеде клубот од самото негово оформување, им ги переше дресовите на играчите, освои 72 титули и замина во историјата како тренер кој успеал да опстои на една тренерска клупа рекордни 50 години. Респект за 71 годишниот Џими Дејвис.
Бизарниот момент се случил во аматерските италијански лиги, а полицијата го фатила претседателот на еден од клубовите за кој настапува и како играч, кој ја нападнал судијката, а потоа се обидел да избега.
Сето ова што ќе ви го раскажеме се случи во финале на Куп во аматерска бразилска лига. Најпрвин се создаде гужва која судијата ја расчисти со два црвени картони, од кој вториот си го заработи тренерот. Играчите почнаа да го бркаат главниот судија, а тренерот го грабна за врат. Потоа линискиот судија ни крив ни должен доби камен во тело и мало освежување со вода.